април 22, 2018

Гланд, 22. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Баричело открива дека разговарал со семејството на Шумахер, посакал да го посети својот поранешен колега, но не добил шанса да го направи тоа.

„Сакав да го посетам, но тие ми рекоа дека и за двајцата подобро е посетата да не се случи“, вели Баричело.Баричело и Шумахер пет години беа клупски колеги во Ферари од 2000 до 2005 година.

Шумахер настрада во несреќа при скијање на француските Алпи, на 29 декември 2013. Од тој момент освен најблиското семејство и докторите друг речиси и да не може да го види легендарниот германски возач. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука