Барселона, 13. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Барселона е подготвена летово да направи целосен ремонт на тимот. На трансфер листата се споменуваат имиња на девет фудбалери.
Каталонскиот спортски дневник “Спорт”, Барселона има намера да направи реконструкција во овој преоден рок. Тимот би можел да се откаже од: Арда Туран, Силесен, Пако Алкасер, Рафиња, Жереми Матје, Алеиш Видал, Лукас Дињ, Денис Суарез и Андре Гомеш. Сигурни за продажба се Арда Туран и Жереми Матје. За Туран, како што тврди Спорт, има понуда од Арсенал, додека Матје наскоро ќе биде објавен за продажба.
Од друга страна пак во редовите на Барселона би требало да стигнат две големи ѕвезди, а во првиот ред се Кутињо и Верати. (Крај)
извор: supersport.mk фото: архива
Прочитано: 15