Барселона, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот за врска на Барселона, Арда Туран, нема да му биде на раполагање на тренерот Луис Енрике во следните три седмици.
Тој се повреди на пријателскиот меч меѓу Турција и Финска, а лекарскиот тим на Барселона констатираше дека се работи за повреда на препоните.
Арда Туран ќе ги пропушти дуелите на каталонскиот клуб против Гранада, Севилја и против Малага во Примера, како и четвртфиналниот двомеч против Јувентус во Лигата на шампионите. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21