Манчестер, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Американските медиуми пренесуваат дека Бастијан Швајнштајгер кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига, во дресот на Чикаго.
Управата на Манчестер Јунајтед му дозоволила на поранешниот германски репрезентативец да го напушти клубот, а според Чикаго Трибјун, тој потпишал едногодишен договор за сума од 4,5 милиони долари.
Швајнштајгер од почетокот на сезоната за Манчестер Јунајтед има одиграно само четири натпревари, еден од нив во Премиерлигата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19