Охрид, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 29 април, сабота, во Охрид ќе се одржи шестиот по ред фестивал „Трак енд рол“ (Truck & Roll), кој секоја година е во организација на охридскиот бенд The Backdoor Band.
Фестивалот по традиција ќе се случува по повод празникот 1 Мај, а ќе има настапи на бендови на Градскиот плоштад.
Годинава на фестивалот ќе настапуваат два бенда од Данска – Blended Brew и Tainted Lady.
Blended Brew досега неколку пати настапувале во Македонија. Бендот е составен од петмина музичари. Концертот во Охрид е дел од нивната прва европска турнеја.
Додека Tainted Lady се хард-рок бенд, исто така составен од петмина членови.
Почетокот на фестивалот е од 18 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22