Билтен на МВР: Во близина на албанско-македонската граница приведен албански државјанин кој преминал на илегален начин
септември 9, 2022

Струга, 9. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми септември 2022 година, во 13:30 часот на место викано „Борови“, во близина на албанско-македонската граница од полициски службеници од Полициска станица Франгово приведен е 44-годишниот Б.В. од Република Албанија затоа што по извршени проверки било констатирано дека границата ја преминал на илегален начин.

– Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија – Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука