Охрид, 27. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од охридското село Љубаништа и против управителот, 40-годишниот Б.Р. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Пријавените, како инвеститори на градба на земјиште, веќе постоечки објект-пошта го реновирале и извршиле пренамена во индивидуална семејна куќа, извршиле доградба на поткровје без да поседуваат одобренија за градба, за адаптација со пренамена од деловен во станбен простор и без Одобрение за реконструкција на деловен објект, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 52