Струга, 17. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти јануари 2023 година, 35-годишната А.Б. од струшкото село Боровец, пријавила во ОВР Струга дека нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
– Инцидентот се случил на улицата „Маршал Тито“ во Струга во 15:30 часот, информираат од СВР Охрид.
Ова е само продолжување на ваквите инциденти во регионот на Охрид и Струга кои доведоа до повеќе случаи на каснување на лица, но и убивање на кучиња со огнено оружје. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 46