Охрид, 12. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти септември 2022 година, во 19:15 часот, на регионалниот пат Св. Наум-Охрид, кај местото викано „33 Горица“, поради илегално преминување на државната граница полициски службеници приведоа државјанин на Тунис.
– Тој немал документ за идентификација, а се претставил како 49-годишниот Т.С. Тој бил задржан во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум“ и ќе биде спроведен до Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 46