септември 16, 2022

Струга, 16. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот Н.Р. од струшкото село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 9-ти февруари 2022 година, во селото Октиси, полициски службеници од ОВР Струга извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука