Охрид, 14. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти февруари 2023 година, во 14:50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во Општа болница Охрид со повреда бил донесен малолетник од Охрид.
– Според пријавеното, тој сам се повредил при ракување со воздушен пиштол. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на малолетникот, при што биле пронајдени и одземени пиштолот, неколку дијаболи и потврда за пријавено пневматско оружје. Исто така, во Полициска станица бил извршен службен разговор со родителите на малолетникот, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 74