април 29, 2018

Лондон, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот тренер на ПСЖ и на репрезентацијата на Франција, Лоран Блан би можел да го преземе Челзи ова лето, пишува француското издание „Екип“.

Тимот од Лондон по секоја веројатност ќе имаат нов менаџер по крајот на сезоната, а Антонио Конте или ќе си замине сам од тимот, или на крајот ќе биде отпуштен од раководството на клубот поради слабата сезона.

Според последните информации, Блан се натпреварува со Луис Енрике за функцијата, но шпанецот е во игра  да го преземе и клубот од Емирејтс ,Арсенал.

Претстојот во Англија нема да биде непознат за Блан, бидејќи на крајот на својата кариера тој играше за Манчестер Јунајтед – меѓу 2001 и 2003 година.

Тој е без работа неколку години, а последен пат го предводеше ПСЖ. (Крај)

извор: Стандард фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука