Охрид, 4. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 6. мај, со почеток од 18.00 часот во организација на продавницата за суплементација и спортска опрема „Д Стронгест Шоп” и боди билдинг клубот „Gladiator Gym” , во боди билдинг клубот „Fit Form” во Охрид ќе се одржи уште еден семинар со најдобриот македонски боди билдер Тоше Зафиров.
Ќе има и дегустација на производите од „Fitness Authority” & „Kevin Levrone” & „Bad Ass” кои се дел од суплементите во „Д Стронгест Шоп”.
Во Охрид, Зафиров на присутните ќе им ги пренесе своите „тајни на успехот”.
Фитнес центарот „Фитформ” е во сопственост на Гоце Мојсоски се наоѓа во спортската сала „Билјанини извори” во Охрид. (Крај)
извор: Thestrongest фото: Thestrongest
Прочитано: 24