Дортмунд, 2. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Борусија Дортмунд е заинтересирана за талентирани фудбалери кои се дел од школата на Арсенал и Барселона, објави весникот „Спорт Билд“.
19-годишниот офанзивен фудбалер Крис Вилок е следното богатство од школата на Арсенал, а екипата на Борусија Дортмунд би сакала да го има во својот состав.
Другиот фудбалер е 18-годишниот лев дефанзивец Марк Кукурела. Тој е младински репрезентативец на Шпанија и доаѓа од школата на каталонците, но сеуште нема натпревар за првиот тим на Барселона. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13