Софија/Охрид, 14. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Светиот Синод на БПЦ не дава благослов претставници на БПЦ-БП да учествуваат на прославата на 1.000-годишнината од основањето на Охридската Архиепископија во Охрид, Република Македонија, пренесува БГНЕС. Поканата беше испратена од Македонскиот Архиепископ Стефан со отворена покана на праславата на 27-ми мај да учествуваат и претставници на БПЦ-БП.
Ова се вели во одлуката на Светиот Синод пред некое време, јави порталот мкд.мк
Одлуката беше донесена по повод писмото на македонскиот архиепископ Стефан, на покана од претставници на БОЦ-БП, да учествуваат на прославата по повод 1000-годишнината од Охридската Архиепископија, која ќе се одбележи на 27-ми мај.
Со Свечена академија во присуство на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија предводени од поглаварот г.г. Стефан и на највисокиот државен врв на 27-ми мај во катедралната црква „Света Софија” во Охрид ќе започнат активностите за одбележување на големиот јубилеј – илјада години од основањето на Охридската архиепископија.
Денес на прес конференција во Охрид беа објавени деталите за прославата. (Крај)
извор: мкд.мк фото: мкд.мк