Флорида, 30. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бразилскиот фудбалер Кака, кој ги браните боите на Орландо, се наоѓа на првото место според заработката во американската МЛС лига.
Платата на некогашниот ас на Милан и Реал изнесува 7.2 милиони долари со вклучени даноци, плус одредени бонуси. На второ место според примањата се наоѓа напаѓачот на Торонто, Себастиан Џовинко кој годишно заработува 7.15 милиони долари.
Соиграчот на Џовинко, Мајкл Бредли е трет на листата со заработка од точно 6.5 милиони долари, додека Бастиан Швајнштајгер, кој пред неколку недели го засили Чикаго има плата од „само“ 4.5 милиони долари. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20