Охрид, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на наставници и соработници во високообразовната установа Факултет за туризам и угостителство Охрид, во академската 2016/2017 година изнесувал 35.
Од вкупниот број, наставен персонал се 34 лица, додека едно лице се води како соработник на факултетот. Бројот на припаднички на понежниот пол изнесува 18.
Додека на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, вкупниот број на наставници е 30, од кои 16 лица се наставен кадар, додека соработници се 14 лица. Во категории по научни квалификации, на овој универзитет, 18 лица се доктори на науки, а 12 лица се магистри. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31