Будимпешта, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Светските агенции пренесоа дека Будимпешта ја повлекла својата кандидатура за домаќин на ЛОИ во 2024 година.
Одлуката за повлекување на кандидатурата на унгарската престолнина заеднички ја донеле премиерот, градоначалникот на Будимпешта и Унгарскиот олимписки комитет,повикувајќи се на недостаток на политичка и граѓанска поддршка за апликацијата.
Во натпреварот за домаќин на игрите во 2024 година останаа Лос Анџелес и Париз,МОК градот домаќин на ЛОИ ќе го избере на 13 септември оваа година. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20