Бурно деноноќие во Охрид и Струга: Сообраќајна незгода, пронајдена дрога, физичка пресметка…
ноември 2, 2024

Охрид/Струга, 2. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за бурно деноноќие во регионот на Охрид и Струга. Регистирани се сообраќајна незгода, пронајдена е дрога, физичка пресметка, кражба…

На 1. ноември 2024 година во 19:35 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, кај селото Подмоље, лишено е од слобода 36-годишно лице од Охрид. При извршен преглед на местото околу неговото моторно возило „Шкода“ каде бил сопрен, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа паковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 2-ри ноември 2024 година, во 00:00 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведено е 18-годишно лице од селото Лешани, Општина Дебрца кој претходно, пред угостителски објект на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, физички нападнал 18-годишно лице од Охрид. По документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 1. ноември 2024 година во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, врз основа на член 9 од Законот за гранична контрола-„нелегално преминување на државната граница“, приведени се две лица од Алжир, на возраст од 23 и 33 години. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бид поднесена соодветна пријава.

На 2-ри ноември 2024 година, во 03:05 часот, по извршена кражба во продажен објект лоциран на улицата „Абас Емин“ во Охрид, затекнати се две малолетнички од Охрид. Во присуство на нивните родители, бесправно одземените производи се вратени на сопственикот, а по целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 1. ноември 2024 година во 15:15 часот, на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, приведено е 21-годишно лице од Струга, кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука