Сасуоло, 26. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Италија пренесуваат дека 15-годишниот македонски репрезентативец до 16 години Ване Тасевски, кој живее во Пјаченца, потпишал четири годишен договор со Сасуоло.
Тасевски кој е по потекло од Струмица ,одиграл неколку меча за кадетскиот тим на Сасуоло, а клубот од „Мапеи“ бил задоволен од неговиот настап и веднаш му понудил четиригодишен договор.
Тасевски кој игра на позицијата дефанзивец, најпрво ќе почне да игра за кадетскиот тим на Сасуоло од каде што ќе се провива кон првиот тим. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: ФБ
Прочитано: 20