јануари 4, 2018

Истанбул, 4. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Веста дека Робин Ван Перси си заминува од Фенербахче се потврди од страна на неговиот менаџер, а ја пренесе француски „Лекип“. Според информацијата, тој ќе го раскине договорот во зимскиот период, иако му остануваат уште 6 месеци да одработи за Фенербахче

.

Причината е неговиот прв клуб во кој заигра фудбал, Феенорд, и според неговиот менаџер во разговорите што ги водел со раководството на Феенорд, тие се спремни да му понудат услови кои нема да може да ги одбие.

34-годишниот Ван Перси најдобрите натпревари ги одигра во дресот на Арсенал во кој играше од 2004 до 2012 година за потоа три сезони да одигра до 2015 година во дресот на Манчестер Јунајтед за да последните две и пол години, без некој поголем успех го носи дресот на Фенербахче. (Крај)

извор: Дерби.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука