Сан Себастијан,2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Вардар вечер од 21 часот и 5 минути му гостува на Реал Сосиедад на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан. Ова ќе биде дуел од четвртото коло во групната фаза од Лигата на Европа.
Избраниците на тренерот Чедомир Јаневски ќе имаат можност пред шпанската публика да го подобрат впечатокот од меѓусебниот натпревар во Скопје кога загубија со 6:0.
– Знаеме дека сме во резултатска криза, но овие натпревари ни даваат шанса и можност да се докажуваме во Европа. Ќе направиме се што е во нашите можности да се надигруваме со еден силен тим, и сакаме лошиот впечаток и лошиот резултат кој го имавме на домашен терен, да го поправиме и да дојдеме до позитивен резултат, изјави Јаневски.
На другиот дуел од 4.коло во Л-групата од Лигата на Европа играат Розенборг и Зенит.На табелата прв е Зенит со максимални 9 бода, Сосиедад има 6, Розенборг 3, Вардар е без освоен бод. (Крај)
извор: A1.oн.мк фото: архива