Богота, 17. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) и официјално го одобри користењето на видео технологијата на Светското првенство во Русија.
ФИФА пред две недели едногласно донесе одлука за одобрување на ВАР технологијата, а официјална одлука беше донесена од страна на советот на ФИФА во Богота.
– Ќе го имаме првото Светско првенство со ВАР технологија. Одобрено е и секако, многу сме задоволни со таа одлука, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Тој наведе дека ВАР технологијата не е решение за сѐ во фудбалот, но има желба да се избегнат големите судиски грешки.
Прегледот на видео снимките ќе им помага на судиите при головите, пеналите, црвените картони, како и во други сегменти од играта.
Светското првенство во Русија ќе биде одржано од 14-ти јуни до 15-ти јули годинава. (Крај)
извор: Sport1 фото: архива