јуни 8, 2018

Лас Вегас, 8. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вашингтон Кепитолс прв пат во историјата ја освоија шампионската титула во северно-американската професионална хокеарска лига, НХЛ. Кепитолс, во финалето, ги завладаа Лас Вегас Најтс со вкупен резултат 4-1. Петтиот меч од серијата му припадна на Вашингтон со 4:3.

Кепитолс одиграа брилијантна серија и со исклучок на првиот меч, во кој беа целосно надиграни, на останатите четири натпревари беа подобриот тим. Голем успех постигна и Ла Вегас, бидејќи во својата прва сезона во НХЛ, успеа да го освои Западот и да влезе во борба за Стенли купот.

Во првата четвртина немаше голови, а во седмата минута од втората третина предност на Кепитолс им донесе Врана. Три минути подоцна израмни Шмид, а веќе во наредниот напад Овечкин ја врати предноста кај Вашингтон.

До крајот на оваа третина хокеарите на Лас Вегас направија пресврт, преку Перон и Смит.Последната третина им припадна на гостите од Вашингтон, најпрвин Смит-Пели израмни на 3-3, а потоа Елер ги постави конечните 3:4.

МВП титулата му припадна на извонредниот руски репрезентативец Алексеј Овешкин. Тој во плеј-офот постигна 15 гола, нов рекорд на франшизата, а вкупно разигрувањето го заврши со 27 поени. (Крај)

извор: Макфакс фото: NBC

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука