Охрид, 5. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се градежни активности за изведба на канал за атмосферски води во селото Велгошти.
– Со овој зафат го решаваме горкиот пролем на жителите кои при врнежи се поплавуваа. Вредноста на овој зафат изнесува околу 4 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Согласно проектот предвидено е на истиот потег по завршувањето на овие градежни активности да започнат активности за замена на старата и дотраена водоводна линија со нова, по што ќе следува поставување на нов асфалт на целата улица, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 108