Охрид, 7. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа аАктивности за изградба на ново мултифункционално спортско игралиште во селото Велгошти.
– На просторот од старото игралиште се гради ново мултифункционално спортско игралиште. Во моментов се врши расчистување на теренот, а потоа следува санација на ѕидовите, поставување на нова ограда и поставување на нови реквизити. Нашата цел е овозможување на вистински можности за правилен раст и развој за најмладите. Со реализацијата на ова игралиште ќе ги поттикнеме и активираме младите да се дружат и да развиваат здрави навики, објави градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков на неговиот официјален профил на Facebook. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25