Охрид, 30. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две товарни возила, трактор и едно патничко возило марка „Мерцедес“, со кумановски регистерски таблички.
Очевидци на настанот за Тв Спектра велат дека нема повредени лица. Во инцидентот е причнета поголема материјална штета.
Увид на лице место вршат екипи на СВР Охрид, кои во текот на денот ќе соопштат и подетални информации за сообраќајната несреќа. (Крај)
извор: Тв Спектра фото: Тв Спектра
Прочитано: 5