Охрид, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Наум“ лоцирана во охридското село Лескоец.
Во црквата крадецот успеал да влезе ноќта помеѓу 14-ти и 15-ти февруари. Тој ја оштетил влезната врата од црквата.
Сторителот на тешката кражба, кратко време пребарувал во црквата по што одзел 200 денари.
Вчера пак, охридската полиција информираше за тешка кражба која се случија во манастирот „Св.Врачи“ во охридското село Опеница. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 26