Оклахома, 30. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Она што се најавуваше подолго време конечно е потврдено, Расел Вестбрук го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА, ѕвездата на Оклахома ќе добие 205 милиони долари за пет години.
„Громовите“ ја осигураа долгорочната иднина на Расел Вестбрук со нов договор, најбогат во историјата на НБА.
Оклахома и минатогодишниот МВП ставија потпис на пет годишен договор вреден 205 милиони евра.Тој на сила ќе стапи во сезоната 2018/19 и ќе трае до 2022/23.
За сезоната 2017/18 тој треба да добие 28 милиони долари од сегашниот договор, па ако на оваа бројка се придодадат и 205 милиони долари од новиот договор, Расел Вестбрук ќе треба да инкасира 233 милиони долари до крајот на 2023.
За медиумите од САД е интересно тоа што официјалната потврда за ова пристигна на денот на роденденот на Кевин Дурант, поранешната ѕвезда на Оклахома. (Крај)
извор: МКД.мк фото: архива