Лондон,6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хрватскиот фудбалски стручњак Славен Билиќ денеска доби отказ од тренерската позиција во премиерлигашот Вест Хем, објавија дел од англиските медиуми.
Подолго време Билиќ добиваше шанси од сопствениците на клубот кои имаа трпение и покрај слабите резултати, но последниот пораз од Ливерпул во саботата (1:4) пресуди Вест Хем да му додели отказ.
Вест Хем по 11 кола во Премиер лигата се наоѓа на 18. место со само 9 освоени бода.
Засега нема официјална потврда од клубот за отказот на хрватскиот стручњак, како и за тоа кој ќе го наследи на менаџерската позиција, но се шпекулира дека тоа ќе биде Дејвид Мојс. (Крај)
извор: Плусинфо.мк фото: архива
Прочитано: 5