Сараево/Охрид, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ветеранската група на КУД „Охриѓанка” изминатиот период имаше турнеја и настап на Интернационален Фолклорен Фестивал „Ритам срца” во Сараево, Босна и Херцеговина.
Културно Уметничкото Друштво „Охриѓанка” како чувар и амбасадор на традицијата и фолклорот од охридскиот регион и македонската традиција, имаше настап на 25 февруари во универзалната сала во Сараево. Беа изведени сплет игри и песни од охридско и женското оро „Водарки”. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28