септември 30, 2022

Охрид, 30. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридските средношколци од прва година вечерва бесплатно ќе може да ја погледнат претставата „Крик за љубов“ на Народен театар Охрид.

Како што велат од Центарот за култура „Григор Прличев“ на овој начин сакаат да им посакаат успешен почеток на школската година на учениците.

– НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација, за таа цел нашата установа со почетокот на новата театарска сезона 2022/23 година почна со континуирано прикажување на театарски претстави. Младата популација повторно да ја насочиме кон културните вредности во пост ковид периодот, бидејќи културата го дефинира идентитетот на младиот човек и го регулира неговото натамошно однесување, велат од установата.

Театарската претставата „Крик за љубов“ е романтична комедија создадена од француската писателка Жозиен Баласко, а во режија на Љупчо Георгиески. Улогите ги толкуваат Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Ивица Цонев и Адријана Билаловиќ Тодороска. Претставата ќе се одигра од 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука