јуни 30, 2018

Охрид, 30. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – По првата супер-атрактивната забава која во четвртокот се одржа во големиот маркет на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар, вечерва е се` подготвено за нова забава, но овој пат во „Тамаро 10“ маркетот на улицата „7-ми ноември“, веднаш до ОУ „Братство единство“.

Тимот на Супер радио, предводен од Жанко ЗШ Голабоски и Dj Regie Rules вечерва ќе приреди вистинско мини „Светско првенство“, со многу забава, музика и вредни награди, а сите заедно ќе го проследиме и натпреварот Уругвај-Португалија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на 1/8 финалето на ова супер атрактивно фудбалско Светско првенство кое се одржува во Русија.

Image may contain: 4 people, people smiling, people standing

Веќе традиционално, Златен даб како најдобро пиво за најдобрите пријатели, во соработка со водечките охридски „Тамаро“ маркети, организираат заедничко следење на најинтересните спортски натпревари, во комбинација со многу забава, а секако и награди за сите учесници.

– Се` што треба да направите е да купите пиво Златен даб во било кој од нашите маркети и веднаш добивате посебен жетон, со кој можете да бидете дел од забавите, додаваат од „Тамаро“.
Од „Тамаро“ најавуваат уште едно супер атрактивно лето исполнето со многу акции, промоции и интересни проекти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука