Охрид, 4. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во ОМУ „Методи Патче“ концерт на виолина ќе одржи младиот охриѓанец Даниел Мојсоски, во пијано придружба на Весна Ангелова Христов
.
Концертот е со почеток во 20:00 часот, а на програмата ќе бидат дела од Бетовен, Бах, Брамс и други.
ПРОГРАМА
Л.В.Бетовен ”Соната бр.2 А.-дур Опус 12 ”
(Allegro vivace, Andante piu tosto Allegretto, Allegro piacevole, )
Ј.С.Бах ”Соло Партита бр.3”
( Прелудиум и Жига)
Ј.Брамс ” Унгарски Танц бр.1”
Х. Виењавски ” Виолински концерт во Фис мол” опус 14. прв став
(Allegro moderato)
Н.Паганини ” Соло капричо бр.13”
Ф.Крајслер ”Кинески Тамбурин”
Даниел Мојсоски е ученик во средното музичко училиште ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во класата на професорот Зоран Џорлев. Роден е 2001 година, во Охрид, каде завршува основно музичко училиште-виолина, под менторство на професорката Елица Рашкова.
Добитник е на многу државни и меѓународни признанија и награди. Од најрана возраст оддржува солистички концерти и учествува во оркестри:
-2012 година-Со камерниот оркестар Амаросо-Лесковац, во проектот “Амаросо и млади таленти”
-2013 и 2014 година-Концерти на фестивалот Tempietto во Рим воTeatro di Marcello
-2014 и 2015 година- Учествува во оркестарот на 100 млади, со кој што настапува и како солист, оддржувајќи концерти во: Љубљана, Блед, Белград, Нови Сад, Милано.
Своето образование го надоградува посетувајќи музички семинари и соработувајќи со прочуени педагози по виолина како што се Марио Хосен и Михаил Фришеншлагер. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива