Охрид, 21. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во ирскиот паб „Даблин“ концерт ќе одржи македонскиот блуз бенд Crossroad Blues Band.
Концертот ќе биде насловен „Irish Blues“.
Бендот доаѓа од Прилеп, а членови се: Александар Дворчанец – Сале вокал и хармоника, Бранко Нешкоски – Бане гитара, Зоран Настески – Зоки, тапани и Александар Шилоски – Шилото, бас.
Концертот е со почеток од 22:00 часот.
Crossroad Blues Band често пати се во Охрид, на барање на публиката. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 5