јануари 31, 2023

Охрид, 31. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во периодот од 18:00 до 20:00 часот во просториите на Касарна Хаб ќе бидат презентирани новите курсеви за програмирање наменети за деца.

Главна цел е децата да научат соодветно да ги користат дигиталните алатки што им се на дофат.

– Тоа што порано било знаењето да се чита, сега е знаењето да се користат компјутерите соодветно. Многу деца се во онлајн светот, но ги користат само друштвените мрежи, а неретко запаѓаат во стапицата на дигитална зависност. Ние во Касарна Хаб, заедно со нашите соработници осмисливме повеќе курсеви со кои од една страна ќе се спремат децата за добро платена работа, од друга преку програмирањето ќе научат да решаваат проблеми, да бидат креативни, да истражуваат и соработуваат, велат од Касарна Хаб.

Можеби е цртан на 1 лице, дете и текст кој вели „Scratch, Python, C++, WordPress, Google Apps, MS Office, 5 3a Aeua oA 9 Ao 15 roAиHи npe3eHTauиa и 3anиwyBaHe BTopHиK 31 jaH 18-204acoT“

Додаваат дека курсевите траат 3 месеци, со динамика еднаш неделно по 90 минути. Ќе се одржуваат во просториите на Касарна Хаб за што потребно е секое дете да носи свој лап топ.

Секој курс има почетно и напредно ниво, а се нудат курсеви за програмирање со Scratch наменети за деца на возраст од 9 до 11 години, програмирање со Python за деца од 11 до 13 години, програмирање со C++ за деца од 13 до 15 години, MS Office – основно и напредно ниво за деца од 10 до 15 години, WordPress за деца од 13 до 15 години и Google Apps за деца од 11 до 15 години.

Првите курсеви ова полугодие се промотивни и ќе бидат бесплатни за децата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука