Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на фестивалот „Охридско Лето“, синоќа во Охрид се одржа концерт на светската атракција од Кина „Гласот на Јунан“.
– Кинеската музика може да се пофали со историја која се протега и до неколку илјади години во минатото, а токму провинцијата Јунан е позната по исклучително високиот степен на етничка разноликост. Тука припаѓаат најголемиот број на етнички групи помеѓу провинциите на Кина. Од 56-те официјално признати етнички групи на Кина, дури 25 се наоѓаат во Јунан, велат од „Охридско лето“.
Претходно, овој музички ансамбл од Пекиншката академија на традиционалната музика одржа два концерти во Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29