јули 4, 2018

Охрид, 4. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – На новата сцена, малиот плоштад до ТЦ „Амам“ во центарот на Охрид, викендов се одржа 17-то издание на фестивалот на новосоздадени композиции „Канео фест“.

На фестивалот оваа година беа исполнети 24 натпреварувачки композиции, од изведувачи од речиси од сите градови од Република Македонија. Настапи и охридската група „Камелеон“, а во ревијалниот дел се претстави и доајенот на македонската народна песна Наум Бурназ.

Гран при наградата во Поп делот ја освои Валентина Ѓорѓиеска-Парго за песната „Тајна љубов“, а во фолк делот Алексо Тришоски со песната „Македонец да си“.

kaneofest2018Награди:

Фолк дел:
1. награда од жири комисија – Петар Нечовски – „Фанче, Фанче лично охриѓанче“
2. награда од жири комисија „Амбасадор бенд“ – „Синот ти се жени мајко“ и
3. награда од жири комисија Маја и Ружица Герасимоски – „Дали думаш сестро“

1. награда од публиката Горан Симески – „Лично моме”
2. награда од публиката Маја Ќировска – „Станвај ќерко“ и
3. награда од публиката Славица Стевовска – „Чочек чифтек“

Најдобар текст: Здравко Кузески за песната „Чочек Чифтек“
Најдобар сценски настап: Драганче Митрески – „Нема прави мажи“ и
Најдобар аранжман: Дејан Митровски за песната „Синот ти се жени мајко“ на „Амбасадор бенд“

Поп дел:
1. награда од жири комисија Љупчо Јошевски – „На срце ми остави потпис“
2. награда од жири комисија Божидар Николовски – „Да си моја“ и
3. награда од жири комисија Петар Нечовски – „Бакнувај ме, израдувај ме“

1. награда од публика Славчо Спироски Слав – „Времето мине, останува спомен“
2. награда од публика Дејан Добревски – „Без тебе јас сум нула“ и
3. награда од публика Ице Панов – „Буби“

Најдобар аранжман: Мими Марковски за песната „Да си моја“ на Божидар Николовски
Најдобар текст: Цане Трајчевски – „На срце ми остави потпис“ во изведба на Љупчо Јошевски

Фестивалот „Канео фест“ е во организација на Телевизија Морис од Охрид, со поддршка на Општина Охрид.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука