декември 18, 2017

Охрид, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот бренд „Румор” викендов го прослави првиот роденден. Се отвори во Охрид минатата година, на 17-ти декември, со уникатен концепт по светски терк, кој клиентите веднаш го препознаа и засакаа.rumordekemvri1rumordekemvri2

Новиот македонски бренд „Румор“, гордо потшишан со Made in Macedonia од „Румор“ велат дека е создаден e со многу љубов и желба да се понуди квалитет за ексклузивна цена.

На барање на многубројните клиенти од Скопје, „Румор“ оствари неколку продажни изложби во галеријата „Акантус” во Скопје, каде што од минатиот месец е постојано достапна Rumor Limited колекцијата.

rumordekemvri3 rumordekemvri4„Румор“ неодамна беше дел и од ревијата „Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото” во организација на Македонскиот велком центар „Добредојде“ и Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Л. Бејли, а по иницијатива на неговата сопруга, Кејпи Полк Бејли, каде „Румор“ остави извонредни впечатоци.

rumordekemvri5– Ќе продолжиме да држиме чекор со светските модни трендови и во иднина ќе креираме многу изненадувања за нашите клиенти, порачуваат од „Румор“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука