Монако, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поранешната најдобра тенисерка во светот, Викторија Азаренка, по едногодишна пауза повторно му се враќа на тенисот.
Белорусинката го потврди учеството на ВТА турнирот во Стенфорд што ќе се игра од 31 јули до 6 август.Викторија Азаренка отсуствува од теренот од мај минатата година кога се откажа од Ролан Гарос поради бременост.
Во својата кариера, белоруската тенисерка има две титули на Австралија опен, а на првото место на ВТА листата беше вкупно 51 недела. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16