Охрид, 7. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат денот на Света Екатерина.
Во близина на брегот на Охридското Езеро, лево од патот што води кон Охрид, во непосредна близина на попознатата пештерна црква „Св. Еразмо“ се наоѓа црквата која е посветена на Света Екатерина.
Таа потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и’ која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа.
За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име.
Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива