Охрид, 31. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од утре во охридски Водовод веќе не важи опцијата „Сам плаќа“, а потрошена вода над лимит нема да се наплаќа двојно.
Од Водовод велат дека ваква одлука е донесена со цел да се обезбедат точни податоци и поголема контрола заради заштита на потрошувачите.
– Корисниците на услуги на МЈП Проаква кои што сакаат да платат, односно пријават состојба за изготвување на сметка ќе треба да се јават на телефонскиот број 046/230 – 020 од 20-ти до 25-ти во месецот, да побараат инкасатор или контролор да ја прочита состојбата на броилото или лично да дојдат во Одделението за автоматска обработка на податоците во Дирекција – Билјанини извори, информираат од Водовод Охрид.
Покрај тоа, од утре потрошената вода над досегашниот лимит од 30 м³, нема веќе да се наплаќа по двојно повисока цена. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива