Нион, 16. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Возбудливи четвртфинални пресметки во фудбалската Лига на шампиони, тимовите се чекор поблиску до Киев.
Ждрапката одлучи да гледаме реприза на ланското финале меѓу Реал Мадрид и Јувентус. Од англиските тимови еден сигурно продолжува понатаму, со оглед на тоа што Ливерпул ќе вкрсти со Манчестер Сити. Барселона за противник ја доби Рома, а Севилја ќе се надигрува со Баерн Минхен.
Првите четвртфинални средби се закажани за 3-ти и 4-ти април, а реванш дуелите ќе се одиграат на 10-ти и 11-ти април.
Полуфиналните мечеви се закажани за 24/25-ти април, односно 1/2-ри мај, додека големото финале се игра на 26 -ти мај, на Олимпискиот стадион во Киев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20