Охрид, 2. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри јануари 2023 година, во 02:15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник, излета од коловозот патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 36-годишниот А.К. од селото Мешеишта.
– Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 32-годишната Ј.К. од селото Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 80