Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност
.
Попладне ќе врне локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Во Охрид и околината дневната температура ќе достигне до 21 степен.
Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Утре и во недела времето ќе биде нестабилно.
Утре не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе намалување на дневните температури. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран, врнежи се очекуваат насекаде низ земјава. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 21