Струга, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 27-годишниот Б.П. од селото Добовјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 18 јануари годинава полициски службеници извршиле контрола на патничко возило управувано од пријавениот. При извршен преглед над пријавениот пронајдени и одземени се 0,33 грама марихуана и 0,45 грама мешавина од тутун и марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 25