Во вторник ќе се одржи традиционалниот предновогодишен германски базар
декември 7, 2024

Охрид, 7. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, на 10-ти декември 2024 година, во периодот од 17:00 до 18:30 часот, на Градскиот плоштад, пред споменикот на Св. Климент Охридски ќе се одржи традиционалниот предновогодишен германски базар.

На базарот, со свои новогодишни ракотворби и вкусна храна ќе се претстават учениците од основните и средните училишта на Општина Охрид, кои го изучуваат германскиот јазик, но истовремено се и љубители на германската култура.

– Преку песни, танци и традиционални германски вкусови да ви ја пренесеме предновогодишната магија и нашата љубов кон германскиот јазик и традиција. Германскиот јазик е застапен во сите училишта. Во Охрид речиси 90 проценти од учениците го изучуваат германскиот јазик, како во основните, така и во средните училишта, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука