Охрид, 15. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Локалните избори во Општина Дебрца се одвиваат во најдобар ред.
– Од вкупно запишаните 4.625 лица со право на глас, до 13:00 часот гласаа 1.462 избирачи, односно 32%, не информира заменик претседателот на општинската изборна комисија во Дебрца, Сашо Силјаноски.
Жителте избираат помеѓу тројца кандидати за градоначалник и три кандидатски листи за советници.
Во Дебрца покрај локалните избори се одржува и референдумско изјаснување околу прашањето за изградба на регионална депонија во селото Годивје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 2