февруари 1, 2023

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – И годинава, како дел од глобалната кампања за илуминација на национални објекти и историски споменици, Самуиловата тврдина во древниот Охрид вечерва блесна во боите на ретките.

Во текот на целиот месец февруари ќе биде осветлена во боите на ретките, како поддршка на пациентите кои се борат со ретките болести.

Ова е само дел од годинешните активности предвидени со Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2023“, која годинава го има своите петто, јубилејно издание.

Охридската МЕГА продукција обезбеди live striming од настанот.

Денеска беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која оваа година ја бележи петтата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, но и со осветлувањето на Самуиловата тврдина, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Во боите на „ретките“ вечерва ќе светнат и општинските згради во Охрид, Струга и Дебрца.

Кампањата на OhridPress можете да ја следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука