февруари 5, 2018

Минеаполис, 5. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Филаделфија иглс за првпат во својата историја стана шампион на НФЛ-лигата откако во Супербоул финалето на „УС Банк“ стадионот во Минеаполис пред 73.000 гледачи го победи бранителот на тронот Њу Ингланд патриотс со 41:33.

Натпреварот во Минеаполис помина со многу пресврти, а најкорисниот играч на сезоната, Том Брејди, имаше шанса да му помогне на својот тим во последните две и пол минути да го избегне поразот, но новите шампиони успешно се одбранија и стигнаа до историскиот триумф.

Признанието МВП во финалниот дуел му припадна на квотербекот на Филаделфија, Ник Фолс.Токму Фолс е првиот резервен квотербек кој го освоил Суперболот уште од Том Брејди во 2001 година. Тој во декември го замени повредениот Карсон Венс, кој беше стартен квотербек во тимот на Филаделфија.

Tрофејот „Винс Ломбарди“ конечно ќе го краси градот на „братската љубов“, кој со години важи за губитнички и најмалерозен. Филаделфија славеше во далечната 1960. година, но ова е прв трофеј за нив во новата ера, во ерата на Супербоулот. (Крај)

извор: Слободен печат фото: нфл

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука